Волшебна ноќ БРЕКЕТ, МРОЖЕК И ЈОНЕСКО

Театар: Народен Театар "Иван Вазов" - Софија, Р. Бугарија
Режија: Александар Морфов
Учествуваат: Рени Врангова, Теодор Елмазов, Пламен Пеев, Красимир Недев, Веселин Анчев
Почеток: Четврток (08.09.2011) 20:00 часот

Без излез ЖАН ПОЛ САРТР

Театар: "Национален Театар" - Букурешт, Романија
Режија: Мирчеа Анка
Учествуваат: Кармен Јонеску, Јулиана Мојсе, Константин Динулеску
Почеток: Четврток (08.09.2011) 22:00 часот

Еден Пикасо ЏЕФРИ ХАЧЕР

Театар: Театар "Сартр" – Сараево, Босна и Херцеговина
Режија: Љиљана Тодорович
Учествуваат: Мето Јовановски, Селма Алиспахиќ
Почеток: Петок (09.09.2011) 20:00 часот

Сексуалните неврози на нашите родители ЛУКАС БЕРФУС

Театар: НУЦК "Антон Панов" – Струмица, Македонија
Режија: Александра Кардалевска
Учествуваат: Соња Стамболџиоска, Марина Поп Панкова, Стојан Велков - Трн, Ванчо Василев, Ванчо Крстевски, Тинче Ристеска, Кољо Черкезов
Почеток: Петок (09.09.2011) 22:00 часот

Кавкаскиот круг со креда БЕРТОЛТ БРЕХТ

Театар: Театар "Војдан Чернодрински" - Прилеп, Р. Македонија
Режија: Мартин Кочовски
Учествуваат: Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Ѓорѓијоски, Зоран Иваноски, Андон Јованоски - Аша, Јасмина Мицовска - Станкоска, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Милан Секулоски, Марија Спиркоска - Илијеска, Александар Степанулески, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Катерина Чакмакоска
Почеток: Сабота (10.09.2011) 19:00 часот

Розови облаци ИЛКО ИЛАРИОНОВ

Театар: ДКТ "Иван Радоев" - Плевен, Р. Бугарија
Режија: Димитар Стојанов
Учествуваат: Надја Новоселска, Адриан Филипов, Александар Димитров, Емил Качаунов
Почеток: Сабота (10.09.2011) 22:00 часот

Геноцид 21 ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ

Театар: НУ "Драмски Театар" – Скопје, Р. Македонија
Режија: Владлен Александров
Учествуваат: Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски, Роберт Вељаноски
Почеток: Недела (11.09.2011) 19:00 часот

Чекајќи го Годо САМЈУЕЛ БЕКЕТ

Театар: Турски Театар - Скопје, Р. Македонија
Режија: Владимир Милчин
Учествуваат: Зиба Радонќиќ, Несрин Таир, Селпин Керим, Џенан Самет, Аксел Мемет
Почеток: Недела (11.09.2011) 21:00 часот

Крајот на кралот ВАСЕ МАНЧЕВ

Театар: НУЦК "Антон Панов" – Струмица, Македонија
Режија: Горан Тренчовски
Учествуваат: Ванчо Мелев, Васил Михаил
Почеток: Недела (11.09.2011) 23:00 часот

Обична приказна МАРИЈА ЛАДО

Театар: НУ Народен Театар - Битола, Р. Македонија
Режија: Љупчо Ѓоргиевски
Учествуваат: Митко С. Апостоловски, Менка Бојаџиева, Маја Андоновска, Борис Чоревски, Огнен Дранговски, Јоана Поповска, Јулијана Стефановска, Соња Ошавкова, Никола Пројчевски, Петар Спировски
Почеток: Понеделник (12.09.2011) 19:00 часот

Косовраст ХАКИФ МУЛИКИ

Театар: Театар "Додона" - Приштина, Косово
Режија: Хакиф Мулики
Учествуваат: Ментор Зумберај, Исмет Аземи
Почеток: Понеделник (12.09.2011) 21:00 часот

Кога цветаат тиквите ДРАГОСЛАВ МИХАИЛОВИЧ

Театар: Театар "Јоаким Вујич" – Крагујевац, Србија
Режија: Драгослав Михаилович
Учествуваат: Мирко Бабич
Почеток: Понеделник (12.09.2011) 22:30 часот

ФКТ Ристо Шишков

Фестивалот на Камерен театар во текот на своето деветнаесет годишно постоење поминал низ сите фази на сопствениот развој. Ова првенче на македонската театарска самостојност, родено е и пораснато еднакво бурно исто како што се родил и живеел и неговиот патрон: Ристо Шишков. Од првичната, речиси до фанатичност идолопоклонска идеја за „Денови на Ристо Шишков“ - до етаблирање на национален Фестивал на високи актерски достигнувања изминат е долг и трнлив пат.

Едно десетлетие поминато низ противречности и талкања по сопствениот идентитет го изградиле во категорична и по многу нешта оригинална и значајна манифестација. Профилот на Фестивал посветен на актерот и актерството му обезбеди високо место во хиерархијата на културните и цивилизациските придобивки кои ја легитимираат Република Македонија и престижноста изразена во името на бардот на македонското актерство Ристо Шишков и сите досегашни лауреати - македонски театарски ѕвезди.

Фестивалот својата зрелост ја покажа и на првото меѓународно издание. Струмица, градот домаќин, е еден од најразвиените, но и најперспективните региони во Република Македонија, двигател на вкупните општествени и економски текови во земјата, но и репрезент на врвни културни манифестации.

Без сомневања Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ започна нова етапа од своето постоење, предизвик кој е во контекст на новите европски перспективи.

Учесници 2011

  • Народен Театар „Иван Вазов“ Софија, БГ
  • „Национален Театар“ Букурешт, РО
  • Театар „Сартр“ Сараево, БиХ
  • НУЦК „Антон Панов“ Струмица, МК
  • Театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп, МК
  • ДКТ „Иван Радоев“ Плевен, БГ
  • НУ „Драмски Театар“ Скопје, МК
  • Турски Театар Скопје, МК
  • НУ Народен Театар Битола, МК
  • Театар „Додона“ Приштина, КО
  • Театар „Јоаким Вујич“ Крагујевац, СРБ